top of page
Се повикуваат млади фотографи од следниве земји:
Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.
 
 
International Photography Artist Residency Regard sur mon Voisin
Од 12ти јуни 2017 година до 22ри јуни 2017 година
 

 

Францускиот институт на Црна Гора и Фондацијата Петровиќ Његош се иницијатори на проект кој се однесува на младите лица од земјите потписнички на RYCO (Регионалната канцеларија за младинска соработка).
 
Проектот се состои од 11 дена фотографирање и престој на шест млади уметници во нивните соседни земји во кои што ќе треба да ги истражуваат градовите.


Темата “Regard sur mon voisin”, ги поканува фотографите да ја искористат својата камера како алатка способна за изразување на карактеристиките на соседните земји како и на нивната врска со тој сосед.

 
На крајот од проектот, шестте млади фотографи ќе бидат поканети во Подгорица (Црна Гора) за да го претстават изборот на нивните слики во една заедничка изложба и да ги споделат своите искуства на тркалезна маса.

 

Цели на проектот:


- Поттикнување на млади уметници да ја откријат нивната соседна земја преку својата разновидност, култура, луѓе и да направат фотографски записи за земјата.

- Да се овозможи на поширока публика да го искуси овој проект преку изложби и тркалезни маси.

- Да се ​​промовира регионалната соработка и  да се создадат вмрежувања и пријателства.

Патувањето, сместувањето и трошоците за храна ќе бидат покриени од страна на организаторите.

 
 
Услови:
- Превозот, сместувањето и трошоците за исхрана ќе бидат покриени од страна на организаторот (Оправданост на трошоци ќе се бара)
- Секој млад фотограф ќе треба да посети земја сосед. Комитет кој ќе биде назначен од страна на организаторите го задржува правото да ја избере дестинацијата на секој учесник. Ваквата одлука е неотповиклива.
- Уметникот треба да биде мобилен. Уметникот мора да патува низ различни градови на посетената земја.
- Уметникот мора да биде целосно достапен за престојот во одредена земја во текот на сите 11 дена (плус два дена пат)
- Уметникот мора да има сопствена опрема за фотографирање.

 

 

Услови за изложба:


- Фотографот треба да направи фотографии со висока резолуција. 10 фотографии ќе бидат избрани за изложбата.
- Изложбата ќе се одржи во Подгорица а исто така фотографиите може да бидат прикажани и во другите соседни земји. Учесниците исто така може да бидат поканети на заедничка тркалезна маса во други земји.
- Учесниците треба да бидат целосно достапни за изложбата како и за тркалезната маса која ќе се одржи во Подгорица на 28 јуни 2017 година.
- Транспортот од матичната земја на уметникот до Подгорица како и трошоците за сместување во Подгорица ќе бидат покриени од страна на организаторот.

 


Услови за пријавување:


- Аматери или професионални фотографи како и студенти од областа на уметноста.
- Националност: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.

-Возраст: од 18 до 30 години -Уметниците мора да имаат сопствена опрема.   Потребни документи за пријавување:

1.  Копија од пасош

2. Целосно потполнет и потпишан формулар за кандидатура на француски или англиски јазик

3. CV и кратка биографија на француски или на англиски јазик

4. Мотивационо писмо на француски или англиски јазик

5. Портфолио на претходна работа со фотографии  (5 Mb максимум или онлајн портфолио)

 

Апликациите треба да се испратат најдоцна до 21 мај 2017 година на следната адреса: regardsurmonvoisin@gmail.com

 

Download 
Candidature Form and
Cover Letter
bottom of page